широк (прид.) - појас (имн.)

- Ти го донесе, ние го бесевме, се јавил од темницата Пандил Димулев обеспокоен од копнеж да појде во родната планина и зад широкиот појас на смреките да ги собере сите лековити билки од царството на тревите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Старецот ја остави ластегарката и барајќи нешто во својот широк појас почна бавно да раскажува: - Те најдов по орлите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Јас ви го донесов под таа јамка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А тој, во валкани чизми, со левата нога малку свиткана, со десната рака зафрлена зад колкот на кој му виси пиштолот, потпрен на стап, стегнат во половината со широк појас и со два ремена препашани крстум на градите, таму, од бината, не гледа онака намуртено, под мустакот, и како да ни вели: “Бидете мирни, пезевенци, и слушајте ја Маријанти”...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)