широк (прид.) - нос (имн.)

Од мекиот широк нос на детето појде темноцрвеникава нишка, се лизна преку полните усни капна на новото жолтеникаво палто. Тоа не се бранеше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Брат ми свика два-три пати и набрзо една жена на околу шеесетгодишна возраст, со бела коса и широк нос, ја отвори портата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Таман седнавме на каучот веднаш до ѕидот на вратата се појави еден маж, беше близу седумдесет, без сомнение, со среден раст, широк нос и мустаќи, скоро ќелав, во една тенка кошула со засучени ракави.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И не можевме да разбереме дека има црни луѓе со дебели бузи и широки носеви, а и луѓе со коси очи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)