широк (прид.) - насмевка (имн.)

Носот нејзин, имаше една благо свиена форма, но при врвот малку доиспрчен, многу симпатична привлечност имаше во тоа, гледајќи и го малото носе, мислиш дека е убавица, а пак веднаш под него се беше разлеана устата, во широка насмевка, толку блага, мислиш те полни со верба.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Невена беше голема во душата со широка насмевка, со лик како светот да го гледаш на нејзиното лице. Убавите јаболчници потсетуваа на баба и Трајанка.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Невена стана убава стројна мома, со убав лик, широка насмевка на која белите заби, светеа како бисери.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Аритон го беше забележал прв и му се приближуваше со широка насмевка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А потоа, без да седне, ги рашири рацете во исто толку широка насмевка и викна да го слушнат и под балконот: - Ајдете, соберете се да слеземе на плажа, па да се капеме додека папсаме.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Имено, невестата со крупните очи и широката насмевка не само што му роди туку и му израсна - две деца, прво машко па женско, без тој со прст да мрдне, а и мајка му без клетва да пророни врз своите килими.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мајмуните на високите дрвја исплашено и пискливо закрескале.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Таа ноќ Карамба-Барамба заспал во својата колиба со широка насмевка.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Со широка насмевка и лесен поклон нѐ поканува да влеземе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Куќата чести – рече и со широка насмевка не испрати до излезот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Mir mbrama38 - со широка насмевка прозобори Дитта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- По... по... по... – рече на албански пријателот, не поздрави со широка насмевка и ниско поклонувајќи се, го снема зад шанкот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Исмет нешто му кажува на албански, неколкупати рече - Мачедоне – а тој не гледа со живнати очи, со широка насмевка и повторува – по... по...по... – Значи разбра.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од врата кога ќе влезев во училницата каде што вежбавме не можев да не ја забележам искрената широка насмевка на лицето на Вера, со која ги освојуваше сите деца, скоро без исклучок, како и со топлиот спокоен глас, со срдечноста, со присноста, со топлината во очите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Лицата им ги красеа широки насмевки, нишки од среќа им висеа по образите и знаменца од радости над главите им се вееја, стихови лееја, песни пееја.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И така, се подели светот: на оние со сладост и милност на глувчињата во кафезите на својата глава, заслушани, со широки насмевки на лицето, со шепотни облачиња на усните, и на оние со затворени, згрчени усти, со очи ококорени, обезглавени, исплашени, вџашени.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Го сретнав и не си верував на очите. Го гледав среќен, со лице облечено со широка насмевка.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Петка, со широки насмевки и невидена среќа стоеле во ред секојдневните гости: пензионирани железничари, опинчари, казанџии, бозаџии, домаќинки, окапани и окубани проститутки, сакати и улогавени.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тоа е Божји знак обележан со широки насмевки и со притаен шепот“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Секогаш таа веселост на мајка му, нејзината широка насмевка зад темните перчиња што ѝ се испуштаа од собраната коса и немирно ѝ паѓаа по образите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Откако австриските цариници речиси му го испарталија пасошот гледајќи ја визата, обидувајќи се гласно и точно да му го изговорат името, и речиси половина час проверуваа нешто пред со широка насмевка да му го вратат и да му посакаат добар пат, повеќе немаше граници.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Да смрдиш како неизмиен пепелник, алиштата да ти б’здат на дим, забите да ти бидат расштимувани, пола веќе паднати, па, кога ќе се насмееш „на тесно“ (за широка насмевка не станува збор), устата како клавир - ред бела дирка, ред црна шуплина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Пред неа стоеше белиот ангел со сини очи, со широка насмевка и подадени раце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, широката насмевка ни за миг не се симнуваше од неговото лице.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рака на срце, тогаш таа беше со разобличено тело, со мев до заби но, сепак, сметаше на својата препознатлива широка насмевка заради која тогаш, пред многу години, доби комплимент токму од Снежана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Очите на Ивона искреа од среќа. Таква широка насмевка има само на уште едни усни некаде далеку на југот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Широката насмевка на Рада и Ивона беше фатена и забележана од една повозрасна дама која им се приближи пружајќи ја раката кон Ивона.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ја сум Ивона. Ивона беше таа која ја презеде иницијативата подавајќи му ја својата рака на Виктор со сочна широка насмевка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада само се насмеа со широка насмевка исправајќи се во седечка положба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со широка насмевка го исправаш веќе опуштеното тело.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сигурно сестра Ви Ви раскажала со што ние тука се занимаваме“ рече Томаица откривајќи ја својата преубава широка насмевка.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Работи и во други градини за да си го изгледа семејството.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ме поздравува со својата блага, широка насмевка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Лилица ѝ пристапи со широка насмевка, ја гушна, на што Азра одговори со иста срдечност и топлина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Тихо,“ рече тогаш, подавајќи ја раката за запознавање, но Азра не го слушна добро на што тој додаде „Тихомир, Тихо,“ наведнувајќи се над девојката со широка насмевка и љубезност кои во ситуацијата беа сосема неприродни. „Некои ме викаат Тише,“ ѝ шепна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На Александар срцето почна да му бие посилно и малку се уплаши, а Бојана, очигледно навикната на вакви работи, пријде кон нивната маса, со широка насмевка од која блескаа белите заби се поздрави со сите и некоја минута куртоазно разговараше со нив.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Александар и Бојана му возвратија со широки насмевки.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Чана преку ѕидот како да ѝ ги гледаше мислите во главата, само што се зафати да ги поднамести работите, еве ти ја со големата става и широката насмевка и со нарамник убави штици.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Дури двапати ми има соопштувано, со широка насмевка на лицето, дека многу ја цени мојата скромност.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Знаев речиси сè, бев упатен во сите поединости, па сепак, не знам зошто, откако ја скрив срџбата зад широката насмевка, и понатаму седев спроти него и потпрашував.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- А што конкретно треба да се има предвид?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И сето ова го прави трчајќи, а она што го носи на лицето и на себе си го престорува во широка насмевка што патем ѝ ја нуди на насобраната толпа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Последна се наведна Чана иако со широка насмевка на лицето, ама и со студен црв во срцето.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Усните ги растегна во огромна, широка насмевка, при што ѝ се видоа големите бели заби како плочки за бања, а потоа се плесна со раката по челото и викна: - Лааа!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Да ги поздравиш и да не заборават - Фали село - живеј в град! со широка насмевка ги пречека шоферот. Беше многу помлад од оној утрината.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во почетокот, се погледнуваа и си велеа „добар ден“ со широки насмевки.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И се подигна. Пред очи – широката насмевка на дедо. Милно ја гледа и со погледот ја гали.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Шо вели? - Те опитва каде е син ти. - О Америка... - О, ја Америка?! - вчудовидено, радосно и со широка насмевка рече новинарот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пријдов со широка насмевка и срдечен поздрав. Секако, како за прв пат имаше малку тензија.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Трудејќи се да собере што повеќе материјал од мојата широка насмевка и потемнета кожа, до толку та речиси како неговата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)