широк (прид.) - дијапазон (имн.)

И набргу, почнав да произведувам текстови со широк дијапазон, од оние за политички дневници до оние за „женски“ магазини.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Нема таков широк дијапазон нашиот неречовит јазик, за да ти долови какво чувство е тоа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Иако инструментот е во состојба да произведе широк дијапазон на звучен квалитет добиен со вртење на бројчаникот, тереминистите постапуваа како сензори, претставувајќи ѝ ги на публиката оние звуци за кои мислат дека ќе ѝ се допаднат.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Од оваа неограниченост и од мултимедијалноста произлегува широкиот дијапазон на користени техники и материјали во мејл-арт практиката: налепници, разгледници, гумени печати, коверти, марки, телефон, телеграма, од една страна, до цртежи, слики, графики, фотографии, фотокопии, циклостил, колажи, уметнички објекти, звучни и видео касети, компјутер итн, од друга.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)