шарен (прид.) - шамија (имн.)

Но место да стави шарена шамија околу вратот - како и секој љубовничар, кога излегуваше од дома - тој еднострано (или едноставно) го откачи девојчето. 4.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Си направи потоа дедо Гога убава куќа со широки соби и балкон, купи за себе високи рибарски чизми, а за бабата шарена шамија и везени папучи, и си заживееја двајцата убаво и среќно.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Луман се бркна во појасот и оттаму извади една шарена шамија во која нешто беше врзано. Ѝ ја подаде на Танасица.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Па се поклони, сиот теракота печена на тивок оган, со цигански шарена шамија околу мисирковиот врат, прво задолжително на жените со поглед како во решавачка карта, а потоа деловно им соопшти на мажите: - Тој ми е најдобар студент, најнадежен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Си направи потоа дедо Гога убава куќа со широки соби и балкон, купи за себе високи рибарски чизми, а за бабата шарена шамија и везени папучи, и си заживееја двајцата убаво и среќно.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Живееше само од питијата и питите што му ги оставаа болните дојдени од крајот на неговиот татко: шишињата ракија завиткани во стари весници, а комадите пита прекрстено стуткани во книжни салвети како во шарени шамии.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На глава имаше шарена шамија, лицето и беше бледо и добродушно, а очите исполнети со болка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)