човеков (прид.) - природа (имн.)

Зборовите лесно се менуваат, но човековата природа не се менува лесно.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Речникот на идеите на излитените османизми, кој требаше да го придружува нивниот заеднички одбранбен текст требаше да ги повика читателите на разбирање и толерантност, на човековата природа, на нејзината бавна променливост во долгите временски интервали.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Така е во често недофатливата човекова природа, душа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Геометриската композиција потоа успешно се гледа и на психолошки и на идеен план, успевајќи формата да ја стави во служба на една, во самата суштина песимитичка замисла за цикличноста на човековиот пораз како последица на човековата природа во која е невозможно докрај да се проникне, токму како што е невозможно да се спознае минатото, политиката, меѓучовечките односи, бракот, семејството.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ќе се борам за неа до крајот на животот, како што тоа го правеле многу пред мене. * * * Грешните мисли се дел од човековата природа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сметајќи дека ќе го убие Хитлер идниот ден, а потоа и самиот себе, лицето Џ решило добро да ја помине последната вечер.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа, според Емери, била "златна можност" но, како што заклучил, "човековата природа е непредвидлива".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Човековото тело се разликува од животинското по тоа што може да ги прими пораките на духот (волјата) и да се однесува според нив.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој премин не смееме да го разбереме како реално историски премин на свеста на западниот човек, бидејќи такво нешто никогаш не се случило.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Поедноставено, телото за него е средство на духот, нешто што спаѓа во надворешната човекова природа и што е можно и треба да биде овладеано со силата на волјата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Европската свест е обележана со дуалистички одговор на прашањето за човековата природа, според кое човек е составен од два дела различна природа, дух (душа) и тело коишто немаат иста вредност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тие не си ја доживуваат желбата како доказ за својата човечка дејственост, како потврда на природноста на нивната човечка природа, како израз на нивната спонтана усогласеност со природниот, даден свет.469 Не можат да ги восприемат своите инстинкти, своите емоции, своите копнежи и похоти како зададени поставки на универзалната човекова природа, како очигледни, нагледни и сосема усогласени со начинот на кој нештата си се по природа – накратко, со човечката природа. ‌Многумина хетеросексуалци се отуѓени и од хетеросексуалната култура, од културата на хетеросексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа склоност деновиве злокобно се засилува со модата да се сместуваат сексуалноста и родовиот идентитет во генетиката, во геномиката, во работењето на мозокот, на невралните патишта и во когнитивниот развој – склоност што често ја спорат психолозите и психијатрите, кои во когнитивната наука гледаат опасност за својот професионален авторитет, како и за својот дел од доходовниот пазар.342 Мојот пристап кон геј-културата е устроен да им противречи и на едниот и на другиот пристап: неговата методолошка цел е да спори и против биолошкиот и против психолошкиот редукционизам. ‌За Фелоуса, машките геј-културни практики се природни изрази на половата меѓупросторност и ја откриваат природната суштина на геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За разлика од хетеросексуалците со нормални желби – кои (да се послужам со зборовите на геј-поетот Френк Бидарт) „живеат како, иако она што го/посакуваат е токму она што од нив/се очекува да го посакуваат, божем тие самите да посакуваат“ – геј-мажите не можат да си ја побркаат желбата со некаква потврда и ратификација на нивниот субјективен суверенитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Предизвикот за квир-студиите е да ги објасни преку општествена анализа, наместо да му ги припишува на природниот поредок на нештата. ‌Зашто не е баш веројатно дека културните практики имаат корен во природата, па секој обид потеклото да им се смести во природите на геј-мажите само ќе ги направи недостапни за натамошно критичко испитување, бидејќи ќе имплицира дека нема што да се објаснува освен природните факти на работава, ќе нема што да се оди подалеку од тоа како природно си стојат работите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие се на одредено растојание од она што важи за невино, спонтано, природно чувство, од оној вид на чувство што изгледа природно – доколку сосема се вклопува во хетеронормативните општествени конвенции и доколку влегува во тие конвенции и не ги оспорува и прекршува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во својата заклучна реч, тој намерно одбива да ја огради работата, отфрлајќи говор со завиени квалификации и зборува великански, широкоопфатно, инклузивно и во универзализирачка смисла за „нашата дводуховност“ и за „нашите меѓупросторни природи“ (259).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А колку што општествените протоколи на нормалниот или на хетеронормалниот живот и понатаму им се туѓи на геј-мажите, толку геј-мажите не можат да си го сфаќаат сопствениот свет здраво за готово онака како што можат стрејт-луѓето. ‌Во таа смисла, геј-мажите се отуѓени и од „природата“, односно од општествените дефиниции на природното.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој зборува за „суштински начини“ на кои геј-мажите се разликуваат од стрејт-мажите, за „природи на геј-мажите“, за „геј-сензибилитет“ како „суштинска страна на човековата природа“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Разликата не е во општествените премрежиња и стварните степени на „природност“, туку во свеста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа е во човековата природа – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Зар, според Чанга, не беше таква самата човекова природа?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)