чист (прид.) - љубов (имн.)

Но денес немаше ни чиста љубов, ни чиста желба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа не беше ни среќа, тоа беше блаженост од љубов, чиста љубов, исконска.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Во име на нашата чиста љубов , среќа и иднина, во име на новата страница на животот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во неа беше собрана сета нејзина чиста љубов која само на еден широкоградно му ја даруваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пред оваа чиста љубов и боговите затворија очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Та, нели, му даруваше чиста љубов.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Детски страв и промрморе во срцето дека Даниел може да ја отфрли, дека ќе престане да ја сака, како болката да беше нешто срамно од нејзиното минато, кое таа го донела во оваа чиста љубов за неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој стоеше над неа, гледаше во мене и се смешкаше, и јас видов дека во раката држи калем од небесна лач, калем каков што дотогаш не бев видел; се смешкаше благо, благоутробно, понизно, молежливо, благодарно, со чиста љубов и милост кон мене, и јас гледав во тие негови очи кои сега зрачеа со жар тивка, жар што долго и бавно ги грее душите на ближните, жар непакосна, нужна за живот, како сонцето што дава топлина, како мудроста блага, а не како пламенот на суетата, слама пламната, оти сонцето дава живот затоа што не пали и гори, туку загрева и стоплува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Ако дозволиш“, рече, „ова ќе го умножам. И ќе им го поделам на сите наши ученици, за да видат што е чиста љубов и чиста уметност“, рече, подбивајќи се.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Какво сквернавење на една чиста љубов! – велеа ретките почитувачи на покојниот министер.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)