чист (прид.) - вода (имн.)

За да имал добитокот да пие чиста вода, кога ќе одел изутрина на паша, долу, во ливаѓето, и навечер, кога ќе се враќал оттаму.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Изгревот кој го користевме како здрава терапија, за напојување со чиста енергија, пред сѐ за чистење на духот, смирение кое ти ја сталожува енергијата, како бистра чиста вода, па ти овозможува да ја распоредиш сам.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Денови, кога целото племе ќе плива во бистра и чиста вода.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сакаше да излезе, но си рече дека чиста вода во шољата некому може да му се види сомнителна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Овие не се здрави. Ќе ни го делат Скопје по Вардар.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тој со себе постојано носи пластично шише со чиста вода, купено во супермаркет.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
На заточениците им било забрането да излегуваат од затворските соби заради перење на облека; не им била давана помошта што доаѓала од дома, а не им била праќана и поштата наменета за нивните домашни; им бил даван пресолен леб, а не им било дозволено да пијат чиста вода; им била скратувана лекарската помош и друго.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Денко се доближи до поточето и ја пикна раката во кристално чистата вода. - Бррр! Мраз! - го намурти лицето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јадевме пресен леб, пиевме чиста вода.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
8. На граничниот премин Кристалопиги – како што погоре е речено -по старо селото се вика Смрдеш, името го носи по кристално чистата вода што извира од планинскиот извор покрај црквата Свети Ѓорги, една од најубавите во костурскиот крај, полицаецот лист по лист ги прелистува пасошите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Крпите и сунѓерите често ги миеја во чиста вода.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Претседателот ни рече дека тоа е капитален објект (тоа значи многу, многу важен), зашто без чиста вода за пиење нема здраво население.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Така велат возрасните, а ние децата - не можеме да сториме баш ништо за да се подобри оваа положба - иако сакаме еколошки чиста и здрава средина, а особено чиста вода.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Чист воздух, чиста вода, чиста почва - тоа е нашиот сон!!!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На ова подрачје се наоѓа Голем Кораб - највисок врв во Македонија, 2 864 метри, највисок извор во Македонија, на 2 200 метри извор на Радика со најбистра, кристално чиста вода, богата со пастрмки.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
в) Разбравме дека технолошката опрема бесплатно ќе ни биде испорачана од страна на Француската влада, и тоа во висина од 11,9 милиони франци, а тоа е во рамки на Светскиот фонд за обезбедување на чиста вода за пиење.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Лицата од луѓето час се развласуваа во светлината, (небаре грутки шеќер пуштени во чиста вода), а час стануваа јасно пристемнети од тажниот поглед со кој ја испраќаа старицата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А и низ село беше чиста водата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)