четириесетти (прид.) - година (имн.)

Кон крајот на четириесеттите години ќе следуваат низа судски процеси и егзекуции во редовите на свештенството, што ќе доведе на крајот Енвер Хоџа, во 1967 година, да ја прогласи Албанија за прва атеистичка земја во светот за што поопстојно сведочи и книгата на Стефан Куртуа Црната книга на комунизмот. (Stéphane Courtois, Le livre noir du communisme).
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Зарем овој уште незавршен сон од детството од крајот на четириесеттите години, кога како кревки деца заспивавме со мислата дека Сталин е можеби – пред врата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Жена, е од медитерански тип, меѓу триесет и петтата и четириесеттата година. лице со вовлечени темни очи, извиени веѓи, со кадрава црна коса, што мокра од снегот, се сјаи под сонцето на сијалицата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Почетокот на експанзионистичкото настапување на силите на Оската од триесеттите до четириесеттите години, особено јапонскиот напад на Перл Харбор на 7 декември 1941 година, го урнал митот дека САД би можеле да останат надвор од претстојниот воен судир.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во такви услови печатот на САД ја презел на себе активната партиципација во анимирањето на јавноста околу потребата да се напушти изолационизмот и во алармирањето на опасноста од фашизмот не само за Европа туку и за САД, кои се чувствуваа сигурни зад океанот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Кога во своите рани четириесетти години беа нов пар, поради својата страсност и сличноста на нивните имиња (со обратни полови), Френки и Џони славни од популар­ната песна, тој стар хит стана постојана шега меѓу нив.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ја имав упорноста и енергијата на младоста почетокот на моите четириесетти години на животот, но не и дипломатското искуство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Секој филм ѝ припаѓа на одредена етапа на Хичкоковото творештво; ако ги исклучиме подоцнежните дела, без кои, така да се рече, „Хичкок не би бил Хичкок“, неговото творештво јасно се дели на три етапи: англиска етапа (триесетти години), првата американска (“Selznick”-овата) етапа (четириесетти години) и втората американска етапа (од 1950, од „Странец во возот“ па натаму).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Енигматичното, на прв поглед, прашање, зошто во втората етапа на Хичкок преовладува женската нота, се разјаснува ако се помести во соодветен контекст: вистинскиот слом на протестантската етика ја афирмира жената како активна индивидуа (што во литературата и на филмот во четириесеттите години произведе низа од типизирани ликови: „успешна деловна жена”, good bad girl, злокобната femme fatale и т.н.) - уште повеќе е показател на фактот, во колкава мера автономниот индивидуум на протестантската етика бил ексклузивно машки. 38 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)