четврт (прид.) - кат (имн.)

Чекајте малку. Таа прво живееше во една куќа на оној рид, а потоа се пресели во една зграда на четвртиот кат.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ги прибира дводенарката и гумениот оџачар, но не може да ја најде картичката за телефонирање.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Откако согледа во што е работата, Акакиј Акакиевич реши да го однесе шинелот кај Петрович, шивачот што живее некаде на четврти кат од задниот влез, кој, и покрај својата косогледост и абрашавото лице, доста успешно се занимаваше со поправки на чиновнички и секој вид други панталони и фракови,  се разбира кога беше во трезна состојба и ако немаше некои други идеи во главата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И тој не го притиснува копчето за втори туку за четврти кат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Од четвртиот кат има тесни дрвени скали кои водат до таванскиот дел.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)