црномурен (прид.) - фигура (имн.)

Она што таа не можеше да го претчувствува, тоа се пајаците, се најдовме три или четири пати и тие не касаа, беа неподвижни во бунарот, исчекувајќи, сè до денот кога дознав, како сето време да не знаев, но во вторник - да се стигне до кафулето, да се замислува дека Мари-Клод веќе е таму или пак да се види како влегува со својот еластичен чекор, да се види нејзината црномуреста фигура која, и не знаејќи, невино, веќе влегла во борба со пајаците одново разбудени, во борба со пречекорувањето на играта која единствено таа и успеа да ја сочува едноставно со тоа што ја испружи својата топла рака, едноставно со тој прамен што шеташе по нејзиното чело.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)