црн (прид.) - човек (имн.)

Се отвора вратата.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Кога гледам црно, сум црн човек
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Знам, се насмеа црниот човек треба да лежи распаран на прашлив друм, гаврани да се огледуваат во стаклата на неговите очила.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Треба да се ѕвони за аларм. Црн човек, кобра, гавран.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Јас своите посетители воопшто не морав да ги уверувам дека се работеше за истиот црн човек.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сега моите посетители почнаа речиси неисцрпно да кажуваат кој, каде, кога и во какви околности успеал да види некој црн човек.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Другиот црн човек којшто по мојата претстава се издвои и кој, судејќи по сè, беше уште понезначаен, беше некој кој можел да се види и во нашата приградска уличка.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Времето под дудинката го поминував во очекување по нашата уличка да наиде некој црн човек.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Јасно беше дека е ова еден црн човек кој одамна се пројавил како таков и кому сега не му останува ништо друго освен да биде наметливо опасен.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Или се плашев од помислата дека можеби наидува некој црн човек или се возбудував поради можноста да се погодм да бидат чекори на некоја жена што ќе ја замислам и поубава и попривлечна отколку што може да биде.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Несреќата е во тоа што увидувањето на третото лице секогаш е само впечаток што никако не е доволен да го охрабри да ја опомене жртвата на црниот човек.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Самозадоволството што јас веќе имам едно искуство со еден црн човек кое е во тек ме спречи да ја сфатам смислата на зборовите на вујка ми Германа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Нему му се случило да види како еден црн човек еднаш ја пројавил својата опасност во однос на некого.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Од друга страна, колку повеќе црниот човек станува препознатлив, тој толку повеќе како црн човек се обезвреднува.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)