црн (прид.) - одело (имн.)

Овде, без сомневање, ако треба да се расплеткаат сложените односи во кои беа заплеткани Duchamp и неговото семејство, клучниот настан од биографијата не би била, како што произволно тврдат многумина од неговите биографи, неговата вљубеност во сестрата Suzanne, туку тоа што токму во моментот кога ја започнуваше каријерата, кога и самиот беше на пат да стане сликар, го оневозможија неговите сопствени браќа, кои беа, ако смеам да ја направам таа грда игра со зборови, негови апрови (SES PAIRS); тие свечено дојдоа како гласници, со црни одела и вратоврски и му ставија на знаење дека треба да ја повлече својата слика Акт што се симнува по скали.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
32 „Драги пријатели и ценети колеги“, им се обрати професорот Артур на групата академици собрани околу долгиот ред споени маси, бледи над црните одела, „се собравме свечено да ја одбележиме и оваа годишнина на Академијата којашто е дом на нашиот дух.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)