црн (прид.) - облак (имн.)

Од кај Морава, црни облаци и некаде по полноќ - заросува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пред нив како црн облак полека се движи бегалскиот бран.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Црн облак од чад висеше на небото, а под него облак од малтерска површина во која веќе се создаваше врвулешница од луѓе околу урнатините.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не помина ни половина час од молебенот, кога, во еден миг, се стушти црн облак над главите на верниците.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Градот не постоеше. Единствен знак на неговото довчерашно постоење беа горните катови на хотелот „Континентал“ што сенишно се извишуваа над гнасниот црн облак како крст врз гробот во којшто се нашол закопан целиот град.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дојде црн облак и се допре до работ до сонцето.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сакаа да видат што и да било, гавран или црн облак чавки. Сѐ.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Над нас се поснижило небото и некои црни облаци се буричкаат, трчаат, се кинат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со тага ги гледал лицата на жените во црно и под црни забратки, бледи и издолжени месечини на црно небо, меѓу црни облаци и над црна земја; како под заповед клекнале и ја допреле со чела камената плоча со голем крст, поголем од крстовите на соседните игуменски гробови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Над заедничкиот гроб на момчоците што пред три години ги заклале преостри јатагани, неколку мајки, како и секогаш во претпразнични ноќи, доаѓале со свеќи да се молат за синовите, најмладите светци во стојбината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сотирчо е готов да ја надуе гајдата како што вели мајка им, тешко му е да биде така влечен, а згора на тоа денот се смрачува, горе на небото како да се насобраа црни облаци и од време на време росолеа, пуштаа ситен дожд за дојденците да се намачкат сосема со кал и да се намократ и нивните бовчалаци, вреќи и сандучиња, како и самите тие.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Љујту лафат две удајки направил Танаско, ем гулемки, тутким! се јавува Чана кога се на сред плоштад и кога дедо Господ наумил да го запре топлиот ветер и да го замени пак со северко и во исто време да ги одзатне сите боски на црните облаци симанти ниско над градот и да нареди од нив да потечат бели пердуфчиња.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Небото го покрија црни облаци и водата езерска имаше црвена боја.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од кај корчанското поле се зададоа црни облаци, секавици расекоа небо и донесоа бура која над нив се разлоши и разлуди.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Црни облаци се дигаа од земјата, молскавици од усвитено железо се вбиваа во живите тела на немоќните, град од железо ја толчеше земјата и долги јазици од пламен се истураа од небото и ја гореа и пеплосуваа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Направија еден голем црн облак кој со својата сенка го покри речиси целиот град.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога беа во големо јато, како црн облак ја покриваа реката.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа не ја спомна десеттата рана, не спомна никакво зрно, но затоа пак најави многу забрзано наближување на црн облак.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Над неа се кревал голем црн облак кој сѐ повеќе растел.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)