црн (прид.) - кутре (имн.)

Кате го крена црното кутре и си замина. Не бевме нажалени.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ја подоткри јакната: „Гледај...“ ми рече, „гледај што најдов пред нашата зграда“.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Погледнав и видов: кутре - црно кутре. Сосем црно кутре. „Зошто го донесе кај мене? Пак ли да си навлечам некаква беља на глава!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А вака мораш да внимаваш, а мислата ти бега кај црното кутренце.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Го земав клучот од визбата, и чантата ја земав за на училиште, повтор да не се качувам нагоре и се стрчавме наудолу.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Еј, другар, да го викаме Црни!“ рече Дејко. „Важи“, реков, „Црни - а може и Мурџо. Може да има и две имиња: Црни-Мурџо или Мурџо-Црни.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Пред вратата стоеше Дејко, зазбивтан и возбуден.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Ќе ги стасаш, ако внимаваш на часовите и редовно ако учиш - вели татко ми.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Многу ви благодарам“, рече Кате, „можело да заталка подалеку или да го згази некое авто.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Часот се издолжи. Барем во лекцијата да имаше нешто во врска со куче.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ќе го донесам и другпат да си поиграте со него“.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Го затворивме црното кутре во нашата визба и се стрчавме накај училиштето.