црн (прид.) - костум (имн.)

Сонуваше како одат на венчавање: таа облечена во истиот тој бел фустан, со бело венче на главата, а тој во црн костум - во костумот од татко му што го облекуваше само на свечености или кога ќе заминеше на некој научен собир; алиштата му се поголеми, а шеширот му паѓа на очи па постојано го поткрева.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ина покажуваше кон нас, и аѓутантот, постар господин во црн костум со бордо пеперутка и со бела коса, дојде и на лош српски јазик нѐ замоли да си одиме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пред куќата стоеше човек на педесетина година, слаб и висок, во црн костум Горниот дел на неговиот костум му беше за некој број поголем и практично му висеше на слабите рамења.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во истиот момент еден човек облечен во црн костум, како за концерт, се појави од една странична уличка и потрча кон Винстон, покажувајќи возбудено кон небото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На мајорот очигледно не му се допадна друштвото, па се замуабети со еден ќелав член на парламентот во црн костум.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)