црн (прид.) - кожа (имн.)

Марко не го изневери кумот, со палто од лажна црна кожа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Црната кожа, дури и поцрна од онаа на Дине, и сенката од црните и густи веѓи, прикриваат дека со денови не било миено лицето. Очите големи и матни.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Го допре тилот врз меката црна кожа на потпирот на столот и ги симна очилата вадејќи од џеб парче еленска кожа. „Па?“ праша додека ја бришеше замагленоста на стаклата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тие топли души, обвиени со црна кожа, полудуваа по големиот бел газ на Лилица, ѝ го полеваа со жолт, тегав пијалок, го викаа слајхи, ја лижеа, ја касаа, ја штипеа, ја кинеа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Неговиот комерцијален фонт наречен Pilsner почна од налепница на едно француско пиво; логото му се заглави во меморијата зошто изгледаше како „Roman фонтот облечен во црна кожа“. Маргина 36 181
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)