црн (прид.) - гора (имн.)

Во мај 1942 година задачата за продор во Македонија им била доверена на тројца членови од организацијата на Дража Михајловиќ на чело со резервниот поднаредник Миливоје Трбиќ-Војче со овластување да формира дражиќевски организации во Велешко, Прилепско, Кичевско и во Порече.52 Определените претставници пристигнале во Македонија во текот на август 1942 година53 и својата дејност ја развиле главно од два пункта: Скопје (Скопска Црна Гора - Куманово) и Порече (Велешко и Прилепско).
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
За почеток убаво објаснете ми што е тоа Црна Гора - вели мојот shrink решително. И јас објаснувам, зошто да не.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
30 ноември 2009 – Советот на министри за внатрешни работи и за правда на земјите на ЕУ, во Брисел донесе одлука за укинувае на визите за Македонија, Црна Гора и за Србија од 19 декември 2009.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
30 ноември 2009 – над 60 % од граѓаните на Р Македонија се против промената на името на државата покажало истражувањето на Институтот за демократија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тие, исто така, инсистираат дека етничките, психолошките и историските причини не се доволни од Црна Гора да направат независна единица“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Оваа група, според нив, била "доминантно српска" и пред сè "заинтересирана српската единица да биде што е можно поголема".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Не можеше мигум да ја разбере причината на моето присуство на свеченоста и тоа во редот на амбасадорите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Добро знаеше дека повеќе не постои СФР Југославија. Туку СР Југославија (односно заедницата меѓу Србија и Црна Гора), земја која продолжи да ја признава државата Палестина, самопрогласена во 1988 година.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Ама повеќе села во Скопска Црна гора - тоа е во непосредна близина на Скопје - се завеани и веќе три дена се без струја“.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Читав во „Колибри“ - информираат за сите објекти неутрално: Шула Мина, Крушево, Бунец - Маврово, Матејче - Куманово, Пониква - Кочани, па дури и Љубанци во Скопска Црна Гора.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)