црн (прид.) - веѓа (имн.)

И така: црни очи, црни веѓи, црна коса, бело лице, танка става — цела солунска кокона!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Црни очи, црни веѓи, црни коси, белузликаво лице. ситни бели заби, набубрени црвенкасти усни, прав нос, мали ушиња, пуштена гушка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Под црна веѓа густа одмаздата ја собрал - бран.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Црните веѓи не беа повеќе толку бушави, брчките ги немаше, сите црти на лицето изгледаше како да му се промениле.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Има бело лице, врамено во црни коси како калуѓерка; лицето осветлено од сонцето ѝ се чини како проѕирно, така што црните веѓи сесем јасно ѝ се оцртуваат како исцртани со туш на стакло.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Над црните очи се исцртуваа јасни, густи црни веѓи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Црни очи, црни веѓи а ете и мустачињата црни му набоднале и го украсиле белото лице како вистинска икона од свети Јована Крстител.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На Татко мигум му се разведри лицето, му се опуш­тија големите црни веѓи, слезе од чунот и ја бакна Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)