црн (прид.) - автомобил (имн.)

А кога сепак дождот ја разби летната спарина, остана на улицата крикот на оној во црниот автомобил: „Јас морав, разбирате ли? Морав така...“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Црните автомобили брзо загосподарија на „Сен Лазар“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Наеднаш на раскрсницата од главната улица по која се движеше, еден црн автомобил со огромна брзина сврте во уличето кај бакалницата по што се слушна силно шкрипење и многу гласен но тап удар.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)