црковен (прид.) - ѕвоно (имн.)

Наместо одговор го чу последниот ѕвон на црковното ѕвоно.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
А сепак, колку што можеше да се сети, никогаш во стварниот живот не чул ѕвонење на црковни ѕвона.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе настапи познатата дехристијанизација на француското општество, со крвава атеизација која ќе однесе илјадници жртви меѓу свештениците, ќе се топат црковните ѕвона, ќе се затвораат катедралите, ќе се сечат главите на мермерните статуи на светците.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)