црковен (прид.) - двор (имн.)

Ќе се зберат старички во црковниот двор, мислеше тогаш, густо ќе се зберат со босилок в раце, со шепот на усни, со црни прекривки на темето.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тука секој домаќин си го прибираше своето семејство и така се влегуваше во црковниот двор и в црква.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Неговото повлекување во тишината на куќарката или во црковниот двор придонесе девојките и жените да не го забележуваат кога понекогаш сепак ќе минеше по зачмаените селски сокаци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но и од она што можеше да прилега на судир и караница слабееше, се губеше во подвреснувања и задоволно подвикнување додека лелеавото оро се извлекуваше од црковниот двор под нишки на штотуку почнат дождец.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во зелениот сенчест црковен двор, под круните на старите ореви и чинари, вриеше од народ. Жени, деца, мажи, старци.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога ќе дојдеа празници, кога ќе се собереше народот во црковниот двор да игра и пее, да се весели, Танаско ќе му тропнеше на Арилко и ќе му речеше: „Излези, бре Арилко, развесели се...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Постојано поп Матлија одеше кај него, го молеше, го молеа и луѓето, но тој истото го правеше: одеше во црковниот двор, седеше крај орешковите стебла, ги гледаше, и пак се враќаше не давајќи никаков збор.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ние останавме по тие борби со тројца помалку.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На заминување курирот ни ја донесе и онаа вест, дека долу, во градот во црковниот двор, непријателот погребал дванаестмина од нивните.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тие денови и еден курир беше фатен и убиен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Надворешната врата од црковниот двор, украсен со мноштво цвеќиња, е затворена на катанец.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Откако се заколнавме и рака му бакнавме на владиката кој стоеше пред излезот од црковниот двор, тргнавме да си одиме дома.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Колоната запре крај црковниот двор.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Зафати да шета околу селото, по планините, одеше кај оградата од црковниот двор што ја изградија со жена му, удираше со копач да ја урне, ја вадеше капата, ја креваше главата нагоре кон небото и викаше: - Господе, името да ти се сотре!
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)