црвен (прид.) - шамија (имн.)

Стана напрегната и некако деловна, се облече, ја врза црвената шамија околу половината и почна да се занимава со деталите на враќањето дома.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со целата своја појава тој наликуваше на мало дете што израснало крупно, па иако го носеше задолжителниот комбинезон, беше речиси неможно да не се мисли на него како да е облечен во синиот шорц, сивата кошула и црвената шамија на Шпионите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Смири го, синко, радиото, замоли, јас не знам да ти појаснам зошто ама секогаш кога го свират Тешкото Татко ти излегува од фотографијата И со црвена шамија во рацете Заигрува и скока та се затресува куќата, - чиниш се урива чардакот...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Откако ќе добиевте црвена шамија (како што се викаше и една детска емисија на тогашното Радио Скопје), следуваше полагање на пионерска заклетва.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Црвената шамија потоа ја носевме дома, и одвреме-навреме кога ја пречекувавме Штафетата или нешто слично ја проветрувавме. Обично ја врзувавме над сината кецеља.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Еден куп дечиња облечени во бело кошулче и црвена шамија!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Прстите на старецот си играа со мојата коса. Пламенот ми ги полнеше ноздрите со густа топлина а земјата под мене беше сува и тврда.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш повеќето домаќини носеа околу ушите жолти или црвени шамии, некаква православна чалма што ги брани од студ, и така сите имаа глави како наголемен желад, плод од џиновски шуми какви што биле во најстарите времиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа се наведна и покажувајќи му ја црвената шамија го гушна.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Тука беше и баба, и тато, и мама, и трите тетки, дури и двегодишниот Бојче гледајќи ја црвената шамија подрипнуваше и плескаше со рачињата.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Благица клекна покрај него, ја одврза црвената шамија, му ја префрли преку раменицата и пак внимателно ја врза.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
На вистинските пирати никогаш не им стана јасно зошто не ги сликаат нив туку некакви нежни глумци кои не знаат да си ја врзат прописно ни црвената шамија на глава.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Не се врати. Ама оние кои умеат да се свртат кон секоја виулица што доаѓа откај Црвен рид, секогаш се во можност да ја видат нејзината црвена шамија распната пред крилата на ветерот што се готви за на пат?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)