црвен (прид.) - око (имн.)

Мануш се врати нерасположен, со црвени очи од замор и сонце и плашливо го протресе за рамо. „Брат ти не е веќе таму“ му го подаде стутканото писмо.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
После го прашуваа потсмевајќи му се со селска итрина во црвените очи: „Зошто не пиеш со нас, попе?“ Шишето се лизгаше од рака до рака, се празнеше, ги извлекуваше пред нивните очи шумските ѓаволи од притаените грмушки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Еднаш кога тој бик ќе го отрујам со ракија, кога со отров ќе го изгаснам неговото црвено око, дојди.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ви пееме тивко мелодија медна: за грст дијамнти земете го веднаш.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Гардистите не ги гонеа. Само ревеа. Потоа ме бутнаа во чунот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Меѓутоа, пајакот не ми објасни кој е тој што може ги продаде континентите и по каква цена.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Гардистот со црвени очи му рече нешто и тој не попушти.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Црвените очи на другиот изгледаа како две жарчиња. Кога ќе трепнеше, жарчињата се гаснеа. И пак изнурнуваа под клепките.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Над црвените очи на другиот гардист веѓите изгледаа како крила во движење.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Според законите на возвишената господарка Мортенија, на туѓинците им е забрането движењето на оваа територија, - строго рече оној со црвени очи. – Кои сте и што барате овде?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Затоа главата со пипала стануваше сина, зелена или црвена.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
— Да ти турам малку јогурт, вели, пак ти се црвени очите...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како што беше вистина и онаа пролетна утрина, додека на горниот крај на селото се собираше тајфата печалбари пред заминување, а тука беа и тапаните, веднаш тука, на ледината крај патот и младичите го играа Тешкото околу нив, а тој беше со татка си скраја и мајка му молчеше крај нив со црвени очи; тој беше накитен со низалки костени, јаболка и по неколку ореи, првопратено, додека мајка му му шепнуваше „Змејко сине“, а тој можеше да види како му се стегаат на татка му вилиците и како сите мускули набабруваат и се скаменуваат под поцрнетата кожа на неговото лице, исто онака, како кога беше многу лут татко му, но Змејко сега можеше добро да знае дека тоа не е од никаква лутина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во далечината заоѓаше црвеното око на сонцето, а облаците се распрснуваа на сите страни како изгубени стада.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)