црвен (прид.) - бразда (имн.)

Пред него на тротоарот лежеше мало купче малтер, а во неговата средина јасно се гледаше тенка црвена бразда.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Војниците му застануваа со колената на нозете, на слабината и на главата да не прета; и додека тој рикаше беспомошно и силно што оѕвиваше селото и планината - касапот ќе му го зариеше ножот во грлото, риејќи низ него додека му го пресечеше гркленот; кркореше бикот, шикаше крв на сите страни стркајќи ги војниците, се виреше крвта во локва и правеше црвена браздичка која истекуваше во езерото зацрвенувајќи ја водата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Длабока црвена бразда на небото над Голгота и гласот на светлината кој потемнува гледајќи како се гризат коска со коска.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)