централен (прид.) - архив (имн.)

Тешко можеше да најде зборови со кои би го следел другарот Чапаев кој продолжи: - Јас, почитуван колега, ја разбирам вашата потрага по старите отомански записи кои не можеле да стигнат до цариградските централни архиви, поради нивното локално значење.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко, како непартиец, но и со сомневања за неговото минато кај надлежните партиски кадровски служби, кои одлучуваа за сѐ и сешто, брзо увиде дека нема никакви шанси да напредува во судската кариера, макар и само на стручен план, како експерт по шумските деликти, па откако ги откри отоманските сиџили, односно судски регистри и кадиски записи на битолскиот кадилак, кои не можеле да стигнат во централните архиви во Цариград, не се спаси са­мо од новото заминување туку ја спасуваше и нашата иднина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)