цел (прид.) - сцена (имн.)

Мајка ми ја видела целата сцена зашто работела во близина до куќата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Од соседната мала просторија се слуша детски плач кој трае во текот на целата сцена.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И целата сцена со пустината и Џ. се подига. Се витка како да е насликана на платно.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
И целата сцена со пустината и момчето се подига. Се витка како насликана на платно.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Другарката Оливера Срезоска одговорна за претставата, од зад завесата тојчас плисна една кофа крв, растопена црвена земја, и по целата сцена потекоа потоци од ранетиот партизан.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Од неодамна на листата на фаворити се вгнезди и "Уикед", кој го гледавме во "Пантејџз Тиатр" (каде што јас како дете-будалче со отворена уста се ѕверев во Зелената вештерка од Оз, којашто порасна и ја исполни целата сцена додека крилестите мајмуни летаа над нашите глави).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)