цел (прид.) - простор (имн.)

Момчето со усните ме држеше за раката и како да наликуваше на некој расен коњ, ме тегнеше низ целиот простор за играње како да сум на изложба.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Леташе, божем целото поле, целиот простор беше негов.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Веќе владееме со целиот простор од источната страна на езерото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
__________ 1 Големите дождови донесоа и големи снегови. Господ ја спушти белата јамболија врз целиот простор.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Целиот простор пред камената карпа на кој сѐ уште се гледаат остатоци од ровови, расте бујна зелена трева и многу планинско цвеќе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Целиот простор вдолж ритчето кон Стрежен и надолу по долината кон Црноеч, беше полно народ.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)