цел (прид.) - памет (имн.)

Имаат една карта повеќе од мене. Целата памет на овој свет е во тоа колку карти држиш, колку кецови криеш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Бојана го прибра во нејзиниот кревет (- гревче едно, зарем мислеше дека со цел памет ќе те оставам да спиеш на подот?), што малку го подсмири, дури и сонот неколку пати сакаше да го прими во неговото царство... ако Бојана за беља не почна да грчи.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)