цел (прид.) - историја (имн.)

Полето за развој на графетичките проучувања е широко со оглед на бројот на варијациите во графичкото изразување во современите јазици, но и низ целата историја на писмото.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Би било претерано да се тврди дека низ целата историја немало никаков напредок во материјална смисла.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Дали си помислил некогаш“, рече тој, „оти целата историја на англиската поезија е детерминирана од фактот што на англискиот јазик му недостасуваат рими?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така низ целата историја се повторувала борба која во своите основни црти секогаш била иста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Целата историја беше претворена во палимпсест што се гребеше и одново се испишуваше, онолку често колку што беше потребно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега гласовите се мешаат зад катинарот се крие напишана целата историја на Кукулино, од првата куќа па до градењето на многуте воденици долж Давидица: не, таму се наоѓа големата икона на заборавениот прадедо на Јаков Иконописец (роден на крајот на осумнаесетито век -тој, Јаков) на која е прикажано на златна плоча војувањето на три леунки во житно поле со шашливи и дебели беговски слуги и со нивни острозабести загари: не, во одајчето е черупката со круна на оној крал што изградил еден од многуте манастири на скопската Црна Гора.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Најголема дилема на сите времиња и целата историја.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И целата историја на психоанализата се занимава со разоткривање на механизмите што го наведуваат поединецот кон патот на автодеструкција.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Жртвата, му светнува во главата, е поим и збор во кој се состои целата историја на Јудејците”.  Пред очите му се појавува хоризонтот на Канаан, ветената земја на која по изгонот од Египет, гледа како и толкупати во својата фантазија, како пристигаат најнапред неколкумина, по нив десетици, потоа и илјадници луѓе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Рабините со одобрување ги примија неговите сеисториски мисли и тезата дека целата историја на Израилот е историја на перманентно жртвување.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сите уметници се лутат токму на тенденцијата на критичарите да ја одвојуваат формата од суштината, а тој систем применет врз Хичкок секој разговор го прави залуден и неплоден, бидејќи, како што тоа добро го дефинираа Ерик Ромер (Erick Rohmer) и Клод Шаброл (Claude Schabrol), Алфред Хичкок не е ниту раскажувач на приказни ниту естет, туку „еден од најголемите изумители на форма во целата историја на филмот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И дека еден ден тоа ќе служи за разонода На широките народни маси Евентуално и како рекламна порака На некаков вињак произведен во Загреб Знаеше не дека не знаеше Цезар и за Брут Ама напати не сакаше да знае дека знае А тоа несакање си има цена Секое сакање и несакање си има цена И од тоа може да се направи еден огромен ценовник На империјалните сакања и несакања Може да се направи и цела историја На зголемувањето на цените на главите на императорите Од Цезар до денешни дни
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Бидејќи цела младост ја учевме само вашата партизанштина, небаре целата историја почнуваше од вас, дури, ете, се создаде одбивност и кај најмладите за вашите заслуги, а и мене ми се чини дека и нам, на вашите деца, не ни дадовте да имаме своја историја и своја личност.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Таа метафора, дека Бог е како сфера чиешто средиште е секаде, се сретнува кај Платон, преку Данте, до Паскал.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Паскаловата сфера“, од каде што е земен првиот навод, е есеј на три страници во кој Борхес низ целата историја на западната мисла и литература пронаоѓа траги од метафората што се наоѓа кај Паскал.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)