цел (прид.) - екипа (имн.)

Не само на Ване, на целата екипа ѝ беше најзабавно кога ќе појдат да го снимаат текот на притоките што требаше да се скршнат за да ги влеваат своите води во идното езеро.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дури по конзилијарниот договор, цела екипа лекари ја изврши операцијата која беше последица на комликациите настанати со вонматеричната бременост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По некое време, додека Ване седеше на испразнетиот акумулатор чекајќи дали по задникот ќе го фати струја, Геро среде вода се исправи како апостол: во рацете држеше риба, голема колку неговиот чепорок, но доволна да ја измезети целата екипа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Од нога му нареди на Евдо, бидејќи негов постапалник, како знае и умее да најде безбоен конец, јадици со црви и стап по своја должина; на Ване, да испразни една торба и да ја наполни со свежи коприви; а на шоферот да наполни испразнети конзерви минерски карбит и рударски фитил; а самиот прв ги навре износените патики и на целата екипа тоа не им го препорача туку им го нареди, макар што секој од нив знаеше дека по снимањето ќе се вратат со партали на стапалата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)