цврст (прид.) - чекор (имн.)

Имаше цврст чекор, војнички. (Проклет да бидам војната човека го менува во сè, во сè.) И сега како да го гледам, еве, срцето длабоко го чувствува, о боже, како сè уште да сум во домот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
(Решително, со цврст чекор се упатува кон спалната, но во моментот пред да ја отвори вратата се појавува Духот на слободата во лик на убава девојка облечена во бела облека, со распуштена долга коса, со факел во десната рака и венец во левата).
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Со стариот цврст чекор, се упати кон реката и кон дома.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се чувствуваше зависен од неа, од нејзиното молчаливо присуство кога беше со неа, било дома, било на неколкуте типични места во градот, од нејзиниот цврст чекор кога го држеше под рака при прошетките по паркот, од нејзиното тело што доаѓаше до полн израз кога се свиваше со невиден занес додека неуморно водеа љубов во издолжените софиски попладниња.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во танцот на историјата цврстиот чекор не води никаде, а нежноста бргу испарува.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)