цветен (прид.) - ливада (имн.)

Кога понекогаш ќе останеше Богдан сам во собата, правеше големи напори да стане од креветот и одеше во плевната и лежејќи во неа дишеше лакомо чувствувајќи како да лежи во цветна ливада.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Добро е, не се занесувате со пишување на чисто небо, цветни ливади, бистри реки - а ги согледувате проблемите точно какви што се!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И други пати минувал низ цветни ливади таму - низ Јабланица - ама никогаш не загледувал цвеќиња.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Сонуваше: цветна земја, цветни ливаѓе и дрочни градини, градови со дрворедни, со полни театри, поети со оди и псалми на певици, со умни библиотекари и сјајни библиотеки.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа, наместо да се заблагодари, намуртено промрмори: „Ако сакаш да ме израдуваш со цвеќе, однеси ме на некоја цветна ливада“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)