царски (прид.) - милост (имн.)

Задолжителната и работа ет в три нешта. 1-во: да устроит црква, во која си сакаме да си слушаме молитвите и словото божие на јазикот ни като сичките ни брајќа Бугари по царштината. 2-ро: да устроит училиште в кое сакаме да ет мајчиниот ни јазик и право на него да се воспитуваат челадата ни наша, сетне на турцки и најсетне, ако имат време и на други. 3-то: затова и основјавме народната ни црковнообштествена општина, да се устроит, а која колку за управлението има да си устрои устав и правилник, кое нешто да бидит основа на дејствијата и, сообразно со приличните за то правителствени закони и да го претставјава народот пред секое званично место, за кое нешто ќе држит редовни преписи на дејствијата си по наша за това запечатена кондика, а решенијата и ќе идат приети од нас като општо.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ние, долупотписаните селани, православни от вера, понеже родум Бугари и верни поданици на н.и.в. Султан Абдул Азис, премилостиви нас цар и татко, кому всевишни Бог да подарува многуденствие, от кого се удостоивме најсетне и великодушнато и многугодишно - ожидаема царска милост, за која сме неописиво признателни и молиме бога за благоденствието и свековечението на царството му, еднодушно и согласно като се опираме на дадени низ царски ферман и правителствените ни закони, за свободното и самостојателно општественоравенствено развитие, за какво си избрахме народна општина, која сос општински печати ополномоштјавана и задолжавана да се трудат и работит и кога ет нужда пред чесното правителство да се преставја за нас и наше лице и уста да бидит.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А можеби ќе утврди до кого беше вината за тој неред и ќе ги ослободи. – Можеби – нема ни да се интересира – претполагаше поп Димитрија. – Просто како нов султан ќе им даде на сите затвореници една царска милост и со еден берат ќе ги помилува.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Дадоа молба, а Мехмед-паша пак, да му биде височината долготрајна, побара од царската милост да му се издаде света заповед за меѓите од селото Булачани во Скопската нахија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)