цариградски (прид.) - време (имн.)

Денунцијациите можеа да се однесуваат дури и на неговото цариградско време.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во мене дозреваше решеноста да трагам по Татковото цариградско време, во сенката на бурниот живот на Фетхи-беј Окијар.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко се обидуваше да ѝ го пренесе восхитот од своите откритија од градот, како некое свое продолжување на цариградското време.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тогаш ќе си ја отвореше душата. Стигнуваше дури до цариградското време.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Вистинска мистерија долго време за сите нас блиски околу него, но и за самиот него, цариградското време остануваше мистерија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Природно се очекуваше и тој еден ден да му се исповеда на Камилски за тајните на младоста, за клучните настани од цариградското време кога овде се разминуваа османската епоха и времето на нова Турција на Ататурк, кога се разминуваа верската империја на Калифатот и новата лаичка држава, кога се разминуваа арапската и латиничната азбука, старото шеријатско и модерното европско право, кога се разминуваа Европа и Азија, кога новите институции ги заменуваа старите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XLIV Татко не можеше ниту во најоптимистичките варијанти да поверува дека трагањето по османотурцизмите со веќе изветвена конотација, посебно заемката кадија, со сите изведенки толку силно ќе го разбрануваат неговото сеќавање на минатото, одамна заклучено длабоко во себеси и што беше најнеобично првите зборови кои започна да ги разгледува најсилно го осветлуваа и го будеа неговото цариградско време збиднато меѓу 1919 и 1914 година, токму во цутот на неговата младост.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Никој во семејството не смееше да го буди цариградското време, ниту Мајка, ниту ние, децата, ниту неговиот најблизок пријател Климент Камилски, кој дотогаш му се исповедувал на Татко за најскришните настани од животот збиднати во Франција, Шпанија, во борбите во земјата, во затворот на Голи Оток.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XLIII Татко во ниедна варијанта не можеше да замисли дека османскотурските зборови со веќе излитено значење, но сѐ уште присутни во балканските јазици, толку силно ќе ја разбрануваат неговата меморија од цариградското време на младоста.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Овде, во нашата куќа во градот крај реката, кој беше некогаш наречен и Капија на Ориентот, Камилски очекуваше Татко да говори за своето цариградско време, кое за сите нас во куќата претставуваше голема тајна, мистерија, како да не постоело никогаш.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И во наредните педесет години од балканската историја на неговиот живот, вешто го криеше цариградското време, средбата со Ататурк, херојското време на неговата младост.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко замина засекогаш од Цариград, со голем катинар во својата душа го заклучи цариградското време, со сите негови тајни, како никогаш да не постоело.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Последните мо­зоч­ни удари му ја смалија моќта на говорот, а имаше уште толку многу да ни каже, да ни ги открие и најскриваните тајни од својот живот во егзил, особено од цариградското време, кое за нас остана мистерија!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во татковите книги со години трагав по спомените од неговото цариградско време.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко, му велеше, бездруго поучен од цариградското време, од големите средби што ги имаше тогаш со вујко си Фетхи Беј Окјар, како и една куса средба со Мустафа Кемал Ататурк, оти на Балканот се вестат тешки времиња, кога спасувањето на голиот живот, животот на чедата е неодложниот императив.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)