царев (прид.) - зет (имн.)

- Море кај си, бре уме - му рекол к'сметот на царев зет; кафпе јас, што велат стари: Роди ме, мајко, со к'смет и фрли ме на патот, - да ете толку чинам јас, побратиме!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Море побратиме к'смете, пак јас велам оти ако не бев јас да го крепам момчето, никојпат не можеше да дојди на оваа скала.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Јас можам, воденичаре, да те сторам царев зет - му рекла лиса - саде ти али сакаш, кажи ми, да во една недела ти ја свршвам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Се подумал воденичарот и си рекол со умот : „Ај ќе ја пуштам, да ако ме напраит царев зет, ќе ѝ (ј)а удрам дропката; а пак ако ме излажит, уште еднаш ќе ѝ бидит страв да идит, за да ми го јадит брашното и паспалот; а пак досега што јала, не оти јала од мое, да од светот што сум го крал: Така беше дошло, така беше ошло“.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)