фудбалски (прид.) - екипа (имн.)

Не може да сакаш да играш во некоја фудбалска екипа, а да не го сакаш фудбалот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Диди: Кој е најдобриот совет што ви го дала мајка ви?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сакав да бидам фудбалер, но не и да бидам фан на некоја фудбалска екипа или да гледам фудбалски натпревари.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Грета: Никогаш не оди на одмор без најмалку една фудбалска екипа заедно со резервните играчи и тренерот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Го свртев погледот десно и на ѕидот ја здогледав огромната фотографија на неговиот партиски водач; бев изненаден, оти само до пред неколку месеци на тоа место стоеше постер на омилената фудбалска екипа на Фискултурецот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)