француски (прид.) - писател (имн.)

Во Тунис, на една книжевна средба, се запознав и со славниот либански и француски писател Амин Малуф, подоцна и добитник на Гонкуровата награда.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неговите зборови ми висеа над свеста како Дамоклов меч. Времето како да му даде за право.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овој роман, кој ја опишува петдневната рашомонијада на авторот во родната земја во пролетта на 1979 (кога овде се слави стогодишнината од раѓањето на Сталин), доживеа во Франција значајно толкување на своите внатрешни слоеви и пошироки значења од бележити француски писатели и книжевни критичари.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Предраг Матвејевиќ Домот на француските писатели, 4 март 1998 г., во Париз Луан Старова во романот Времето на козите не сака да создаде широка историска фреска затоа што многу писатели од светско значење, како што е на пример слу­чајот со рускиот писател Солжењицин, веќе ја претставиле тоталитарната епоха на комунизмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Живеејќи отсекогаш во блискост со големите француски писатели чии дела ќе им ги открива на своите студенти во Скопје, пред да стане амбасадор на својата земја во Париз, Старова ќе ја наследи и традицијата на убавото пишување: настојчивост и строгост во функција на смислата од каде што ќе се роди, како искра меѓу два силекса светлината...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)