фланелски (прид.) - кошула (имн.)

Од улиците и клупските простори, па до стадионите, врвовите на Billboard-овите топ листи и екслузивните модни ревии, на кои Ралпх Лаурен-овите манекенки ги покриваат своите аргументи со широки, карирани, фланелски кошули и со вештачки изветвениот jeans, grunge е незаобиколен термин и пожелна декларација.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
И ако земете предвид дека баронот имаше шеесет и пет години и тежеше четириесет и девет килограми и имаше слушнато за Кинг Џејмс, и дека тој (баронот) тежнееше кон „vita simplex“18, па затоа немаше пушка со себе, а и да ја имаше тој сигурно немаше ни да ја искористи, тогаш не смеете да го осудите ако ви кажам дека насмевките со коишто трубадурот му ги наполни брчките, се избришаа и на истото место повторно се појавија старите, обични брчки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Френсис Фицџералд, кој во тоа време дојде во Кастро, опиша дека тротоарите се преплавени со „младичи облечени како заедно да пошле на пешачка експедиција“.64 сите во фармерки, фланелски кошули, планинарски чизми и перјани јакни пилотки.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој ден тој носеше фланелска кошула со тен боја, ако не се сметаат оние големи потемнети делови од пот, предизвикани од летното сонце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)