филозофски (прид.) - расправа (имн.)

Дискусиите што ги водеа секогаш започнуваа од размена на фактографски податоци и импресии за книгите што ги прочитале и филмовите што ги гледале, за потоа да прераснат во филозофски расправи за суштинските нешта – животот, смртта, постоењето или непостоењето на Бог, релативноста на љубовта, вродената добрина или злоба на човечката природа, предодреденоста на нештата и што уште не, оти тогаш за себе веруваа дека се новите големи мислители.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Овде, во најголема мера ќе владее религиската и меѓуетничката толеранција, а ќе бидат поттикнувани и слободните филозофски расправи, изградбата на библиотеки, факултети.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И додека во тоа време Париз и Лондон биле мали, неразвиени градови, Кордоба имала околу сто илјади жители и библиотека со околу половина милион книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)