физички (прид.) - образование (имн.)

Рече, понатаму, дека најмногу внимание во партијата ќе посветуваат на физичкото образование на младите генерации, оти нема здрав народен дух без здраво народно тело; освен тоа, ќе оформувале и играорни групи и кружоци за дебати околу народната уметност денес.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Следниот ден, еден ден пред доделувањето на дипломите (имав единаесет петки и една четворка, се разбира, по физичко образование), ме свикаа по телефон во училиштето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)