физички (прид.) - карактеристика (имн.)

Веќе никој не е врзан за физичките карактеристики доделени од природата, никој не мора да биде врзан со јажињата на традицијата - оваа комуникација не ги познава границите наметнати со културната и политичка хегемонија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во оваа прилика можеме да се сосредоточиме на анализата на латентните мотиви кои Duchamp не ги открил. Rose (Мистична ружа, да бидеме прецизни), всушност е едно од имињата на Каменот на мудроста.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ние просто избираме еден поинаков, некому неразбирлив заеднички идентитет, кој ниту индивидуалното ниту националното не ги признава како ултимативност, кој им се спротивставува на патолошките еготрипови на поединци, кој впрочем лежи врз трагата на постмодерните промислувања за отуѓеноста и немоќта на поединецот да влијае на процесите околу него.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во овој случај, Rose (женско име) за Duchamp имплицира и двоен сексуален идентитет, што исто така е и една од физичките карактеристики на Ребис.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Доживувањата на гледачот на филмот, ќе осцилираат со оглед на неговите оптички способности, за кои можеме да претпоставиме дека широко варираат како и било која од останатите физички карактеристики.”
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)