феминистички (прид.) - субјект (имн.)

Ова може да се гледа како доволен услов за елаборација на позицијата на феминистичкиот субјект.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Феминистичкиот субјект затоа ја гради, одзема од, и ја има за свој почетен момент Жената како проблематичен означител.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Да заклучам, така дефинираниот женски феминистички субјект е еден од факторите во процесот кој не може и не смее да биде вклопен во една линеарна, телеолошка форма на субјективитет: тој е попрво место каде што се сечат субјективната желба и намерната општествена трансформација.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Оваа дефиниција на феминистичкиот субјект како еден повеќекратен, комплексен процес е исто така еден обид да се избегне релативизмот и повторно да се промисли единството на субјектот, без упатување на хуманистичките верувања, без дуалистички спротиставености, поврзувајќи ги, наместо тоа, телото и духот во еден нов тек на себството.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Феминистичкиот субјект почива на првиот вид разлика, но не само на него.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Прашањето за феминистичкиот субјект е како да се интервенира врз поимот Жена во овој историски контекст, за да се создадат нови услови за настанувачкиот субјект на жените овде и сега.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)