фамозен (прид.) - ѓон (имн.)

Чудно што баш во таа ситуација се присетив дека човекот пред мене се вика Стојан, и што тоа веднаш го поврзав со една мисла на Димитар Талев во “Преспанските камбани” дека сите Стојани во Македонија се дојдени од село, и што, најсетне, дури не по сопствена волја, се насмеав а човекот, не сфаќајќи што ми се мота низ главата само ме прекори дека тука нема ништо смешно, дека вака било, онака било, главно само за тој фамозен ѓон зборуваше, и за тој Шилото кај кого требаше да отидам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)