учебен (прид.) - година (имн.)

За да не се расипе „војничката туршија“, зачестија доста казни.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Втората учебна година, во военото јункерско училиште во Софија започна онака како и секоја година.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И, ете, учебната година во кукушкото трикласно училиште (трикласна гимназија), заврши.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во почетокот на оваа учебна година учителот веројатно насети нешто и ни наредни повторно да ги прередиме клупите и да се разместиме меѓу себе: - Не сакам да чујам за тие ваши поделби: горномаалци, долномаалци, - рече намуртен.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Веќе неколку години заедно се влечеме по клупите, кои, господ да ги поживи, сѐ уште траат и ни дозволуваат да ги шаркаме и јаваме и да ги разместуваме и влечеме: зиме поблиску до печката, а лете поблизу до прозорците; палавиме и беснееме низ дворот, пред ѕвончето и по него, па дознавме дека главите без наше заземање и неусетно, од година на година, сѐ повеќе одбегнуваат и вишеат нагоре, зголемувајќи го притоа сѐ повеќе и растојанието од носот до прстите од нозете, а тоа најдобро се забележува пред почетокот на секоја учебна година, кога рецките на вратата од училиштето се слизнуваат сѐ подолу, бегајќи од нишанот на нашите очи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Одвај започна учебната година - а вие? Вака ли се договоривме?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Има ли поголема радост и поголема среќа од таа, да гледаш како едно мало скоро полудиво суштество постепено на крајот на долгата учебна година, гледа на вас со топли и тихи очи, полни со спотаена љубов...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А кога по завршената прва учебна година се врати дома, мајка му да го пропере, а тој да проскита по сокаците и ридовите од детството, татко му се намурти откако разбра и не му прозборе целото лето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Откако дојде за директор, Фисот реши културно да се воздигнува, па реши да направи приредба на крајот од учебната година.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во 1896/97 учебна година во Солунската егзархиска гимназија учеле Јордан Попјорданов, Коста Кирков, Георги Богданов, Тодор Органџиев и други.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Александров во 1902/1903 учебна година бил учител во Кочани и член на месното раководство на Организацијата (?).
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од избегувањето на првата група македонски ученици во 1889 година, за коешто спомнав, сѐ до 1895/6 учебна година избегуваа кое по мали групи од 5-10 души, кое одделно од по 1-2.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За да се изработи една таква програма, македонските ученици во Белград во 1893/4 учебна година, во времето на инспекторството над нив на директорот на III гимназија Ѓуро Милијашевиќ, решија да состават македонско друштво во Белград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Вчера учителката рече: „Најуредните тетратки ќе ги чуваме за изложба што ќе ја уредиме на крајот од учебната година!“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Место каде што мајка му истураше чаша вода пред секој почеток на новата учебна година, место од каде што со мал ранец брзаше кон автобуската станица за да го фати автобусот што го носеше во престолнината за да полага испити на државниот универзитет, место каде како дете во врнежливите летни денови играше Монопол со другарчињата...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
XIX Како што наближуваше учебната година со која Богуле требаше да го заврши училиштето, така Мил сѐ повеќе го задржуваше Богулета кај себе во лабораторијата, не оставајќи го многу да се шета со другарите, да го губи попусто времето, туку му даваше нешто да работи во лабораторијата, да го упатува постепено во науката, објаснувајќи му по нешто што е достапно и разбирливо за Богуле, да му ја потпалува фантазијата и желбата за наука.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
— Не ода на даскал ако не ме дадиш во пансионот! — отворено му застана на татка си пред учебната година. Не помогнаа ни неколку стапчиња по задникот, ни кавги, ни аленици оти ќе го истера од дома.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Учебната година помина без особени забележителности.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Учебната година помина. Крсте го заврши и третото одделение со одлична оценка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— „И научи, кучката една“ — си велеше мајка ѝ со умот, кога на крајот на учебната година, на свети Кирил и Методи, даскалот Бино пак одржа цел говор за неа пред оние исти родители, пред кои есеноска одржа за нејзиното стапнување во училиштето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се заврши и оваа учебна година.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Учебната година се сврши, учениците си отидоа секој дома и наш Крле си појде кај татка си, во Жиовчевата куќа, да живее заедно со зарачницата своја, Анѓа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По свршувањето на учебната година сите ученици — деца чии татксвци имаа сеидба — тргнаа на работа по жетва и вршење. Тргаа и Нешка со брата си Стојана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Новата учебна година почна со призивање на светиот дух преку крштавање вода во училиштето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За него, се разбира, не беше неинтересно ни ова што Мише го додаде за да задоволи некоја своја потреба: „Бргу потоа, за следната учебна година, татка ми, кој беше поштенски службеник, го преместија во поштата во Гевгелија па јас таму продолжив со учењето и во Струмица не се вратив се до растурот на Југославија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Аман, веќе да започне учебната година, па в училишниот двор ќе играме и фудбал, и кошарка, и одбојка!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- На пример, денес имав намера да напишам дека со нетрпение го чекам почетокот на новата учебна година, не толку заради самото училиште, туку најмногу заради желбата што поскоро да се сретнам со другарите од фудбаскиот тим, а и да ја обновам работата со бандата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А, тие денови, последните од учебната година, толку се имаше разлошено, што не можев да го поднесувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)