утрински (прид.) - прошетка (имн.)

Се врати во фотелјата токму во мигот кога Томо се врати од утринската прошетка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сиво ноемвриско утро. Излегувам на утринска прошетка на St. Marks Place.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога Даниел и Боб со камионетот отидоа на работа, а Милан и Тито излегоа на утринска прошетка во градината, Кети се качи горе со сок од портокали, кафе, тост, две ровко варени јајца и тегла мед.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Чувствувам – ова не е мојата вообичаена утринска прошетка.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Тој не можеше најдобро да спие, се будеше рано, па можеби десетина дена и повеќе практикуваше утрински прошетки низ шумата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
XIII. Мислеше дека ќе биде само една од вообичаените утрински прошетки околу пиланата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Значи расположбата во која се наоѓам во овој момент ја претставува онаа утринска прошетка на гасеници и полжави по штотуку оросените стебленца и младите лисја!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мајка ми ми имаше речено дека тие досадни бубачки и мекушлавци во најголем број се јавувале наутро и тоа по влажните места со многу росно зеленило.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се сеќавам и на однесувањето на претседателот на Француската република Франсоа Митеран, кој во последните години од владеењето, дури под притисокот на неизлечивата болест, чинеше натчовечки напори и усилби како да остане во историјата, макар што во граѓанска Франција, вечните мандати беа ограничени, а демократските традиции силни Минував близу претседателската палата, близу улицата, кога Бургиба, пред неколку дена продолжуваше, добро облечен да ги врши своите утрински прошетки за да ја убедува нацијата дека е тој жив и здрав и дека ведро чекори.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Шефот на протоколот ме замоли малку да се стрпам додека претседателот Бургиба не се врати од вообичената утринска прошетка во блиската Ла Марса и потоа да ги прими моите акредитиви.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Секоја вечер, небаре во постојан ритуал, сите национални медиуми, телевизијата посебно, ја емитуваа веста дека врховниот водач Бургиба успешно ја извршил утринската прошетка, односно нацијата може да спие мирно.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Минувавме крај претседателската палата, по авенијата која пред една година, додека владееше стариот Бургиба, беше блокирана поради утринските прошетки на стариот владетел, кој требаше да влее оптимизам и надеж на нацијата!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Постарата ќерка Блерина беше подготвена за да ја оставиме со Бешир во блиската француска гимназија Карно во Ла Мараса, во која некогаш матурирал Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Па сепак, интернатскиот режим во студентскиот дом, окапувањето врз скриптите во семинарската библиотека, сојузната збирштина на сургунски сурати, безвкусниот штирак на мензашки порции, престолничките погледи на беспоговорните професори, свитканите плешки на провинциските безименковци, уситнувањето на младешките идеали со осминка здрвен бурек - сето тоа не беше лошо, барем за кратко, да се одмени ако не да се замени со познатото до здодевност лето во родниот град, со утринските прошетки по излитениот грагор на изодените патеки во паркот, со пладневното цапање по боси табани врз врелата песок на дивите плажи, со врвуличавото вртење по бескрајната лента на вечерното корзо, со срамежливите испраќања на новите симпатии по непознатите сокаци, со повремените кошкања на парталавата топка во маалската полјанка - и воопшто, по сите тие неизбришливи слики, што ги носиш како драг товар од детството а не знаеш што ќе остане од нив кога ќе стапнеш во животот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Му рекоа дека е време за вообичаената утринска прошетка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)