утврден (прид.) - шема (имн.)

Продолжува претставата. Сѐ повеќе се чувствувам гле­дач – заложник на повеќекратна претстава, со заплет и епилог кои зависеа од цврсто утврдената шема на прет­ставата, утврдена од специјалните сектори на Партијата, а проверувана и довршена во полициските служби.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Беше тоа цела емисија со прецизно утврдена шема.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Х.Х. ретко излегуваше од однапред утврдената шема на провокациите која му беше наложена од Централата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)