устремен (прид.) - кон (предл.)

Мачката тогаш со сите сили некако се врати на гранката истовремено устремена кон страчката, но страчката тогаш само потскокна на другата страна на гранката и пак се најде на сигурно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како што сината светлина наидува, има еден миг во кој помислувам дека е најдобро да останам во белата светлина но таа станува толку блештава што имам чувство дека ако остана во неа, таа ќе ме слее во својата блештавост до исчезнување и затоа ѝ се предавам на сината чадлива светлина устремен кон она сјајно зрно во неа од кое таа се шири.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Целости устремени кон себе а сплотени и пловни.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се спуштаат тие по трње низ гранки камењари со товарот тежок на зграгореното време по сенката дур им се влечат со чекор премален и сончевото пладне и дождот на неверната пролет Патот негов е долг со пробудените гори во згаснатите очи низ мракот устремени кон солзите на таа што пазувата за навек му ја дари Се враќа сега поетот од домот негов пресен кон старата стреа на ридот во забрзаните води ликата што му ја бара и сенката сал му ја помни И на тој дален пат го придружуваат сите со замолкнатата песна што не знае да молчи и што кон биднината сонувана го води Недооден пат на тагата Воздишката на пролетта го следи кон хоризонтот на незгасливиот збор Се развева тој во замав нов како семе упатено кон отворените предели на надежта Враќање сега е тоа по свршената работа на смртта во часот глув Попусто на ништото таа песната да му ја предаде сака со процесијата тажна на прагот на муграта што огрева
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Таму, на небесата, Јосиф тоне од небо во небо, устремен кон еден прстеновиден облак што е толку бескрајно далеку и што е, еве, тука сосема пред него, кон чиј отвор тој сè повеќе и повеќе се пробива, доживувајќи ја во меѓувреме сладоста на летот низ безвоздушниот простор, сладоста што го води отаде блаженството.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ја крена раката во која го држеше јатаганот устремен кон местото од каде што дојде пукотот, но неговото тело, колку да беше крупно и силно, малакса.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Обрезан, се соочи со природата мајката, морето, Марија младата се возбуди горешто ко огледало блескотна обелискот од искон создаден во него, близнак се преслика бесконечноста о, срцето на немоќта ритамот и смртноста - опсцената, ласцивната обелискот се вивна во интимниот кат, во еонот од похота по постоење со вродена моќ и смисла да биде проблесок на еросот нишан - алхемија трепетно писмо меѓу човекот и космосот веда устремена кон небесната матка за да го одрази идеално недопирливото овоплотувајќи се себеси сѐ она кое не се прикажува но може да се види со голо око створителу Куросе.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)