упорен (прид.) - во (предл.)

Веднаш ни се потребни четиристотини пушки, двеста стенови, сто бренови“.192 Во овој период Мекдоналд е упорен во настојувањето да се добие полска болница и да се испрати доктор за македонските партизани: “итно повторувам, итно е потребен доктор.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Царинарниците беа многу упорни во бурчкањето на багажите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во постојани расправии со препредени и со лукави трговци Евреи, Ерменци, Македонци и други во Солун, и Битола, тој научи да се снаоѓа и да биде упорен во остварувањето на своите замисли.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Можеби требаше до крај да останам упорна во својот отпор кон Вера и да не ѝ дозволам на таа туѓа жена да заземе такво место во нашиот живот со Ели, а татко ми како сака нека постапува.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Неговиот пример е инспиративен за тоа дека, и покрај самобендисаноста и ароганцијата на своите „газди“, работникот не треба да се демотивира и треба да биде упорен во барањето на правдата низ правосудните лавиринти. 1.  Интервјуто го водеше Стефан Бошковски, на 4.III.2011, во Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој, исто така, има учествувано во штрајкови на своето поранешно работно место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Богданов бил скромен, тивок, но упорен во извршувањето на задачите35.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Го потхрануваат злото, преидзвикуваат немили сцени за да го придобијат вниманието. – зборуваше старецот. –Доколку и тоа не им успее, се жалат пред другите, упорни во своето настојување да бидат сожалени.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Оваа година ќе ги обновиме. Треба да сме упорни во секоја работа!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тој бил упорен во тоа дека не е така.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)