уметнички (прид.) - занает (имн.)

Филигранството или кујунџиството претставува вид уметнички занает, кој најдолго го одржува во живот живиот дух на чаршијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко среде златарската улица му го покажа местото каде што се наоѓаше некогашната златарска работилница, кооперација, во која работеа прославени мајстори филигранџии, Албанци католици, кои со текот на времето како да одлетаа со нивните чудесни сребрени пеперутки во далечините на егзилот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Целиот уметнички занает од тој период станува маниристичен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Меѓусебните проникнувања никогаш не биле поголеми, а непречениот развиток на идеите толку општ, соработката меѓу центрите на творештвото во Европа толку тесна и нераздвојна” (Бруно Томас во каталогот на изложбата “Триумф на маниризмот”, Амстердам 1955). Maniera во Европа меѓу 1550 и 1650, и помеѓу 1890 и 1950, поттикната од толку повеќеликата и сестрано доживеана Идеја, сите нови уметнички форми ги обликуваше во украси, покуќнина, облека, направи, прибор, чинии и чаши, керамика.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)